12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Црна Гора воведува доброволно служење воен рок

Во Црна Гора следната година ќе биде воведено доброволно служење воен рок, пишува весникот „Победа“ повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана.

„Долгорочниот план за развојот на одбраната 2016-2025, како еден од приритетните развојни цели на војската, предвидува воспоставување систем за доброволно служење на воениот рок“, наведува весникот.

Како што се додава, планирано е следната година да почне доброволното служење на воениот рок, а дотогаш да се измени законската регулатива во насока на создавање услови за воведување на рокот.

Спонзорирано: