12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Охрид – има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Охрид, едно лице заврши во болница. Според информациите на полицијата вчера во 13.15 часот на крстосницата на улица „Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Баотијан“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(56) од Охрид и патничко возило „Фиат Добло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(71) од Охрид. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Д.С., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото извршила извршила екипа од СВР Охрид.

Спонзорирано: