13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Според Курц, постои само едно решение за мигрантите

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, рече дека прашањето на миграцијата може да се реши само на надворешните граници и дека речиси сите го увиделе тоа.

Тој, пред денешниот самит на ЕУ во Салцбург, за виенскиот весник „Стандард“ рече дека токму сега постои фокусирање на Фронтекс и на подобра соработка со земјите на потекло и транзит.

„Некои членки кои сé уште се малку скептични мора да бидат убедени во тоа“, нагласи Курц, спомнувајќи ги особено Италија, Шпанија и Грција.

Сите треба да сфатат дека е неопходно да стапиме во контакт и да склопуваме договори со земјите на транзит и потекло, рече тој.

Курц се осврна и на брегзитот, кој исто така ќе биде тема на неформалниот самит во Салцбург, велејќи дека договорот може да се случи само ако постои компромис.

Тој најави дека во средината на октомври Австрија, како претседател на ЕУ, ќе организира специјален самит за брегзит.

Спонзорирано: