19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Колумбија со рекордно производство на кокаин досега

Колумбија и понатаму е најголем производител на кокаин во светот со рекордно зголемување на плантажите со кока и на потенцијалот за производство на оваа дрога во 2017 година, информираше Кацеларијата на ОН за борба против дрога и криминал.

Нелегалното одгледување листови кока пораснало за 17 отсто на 171 000 хектари, а капацитетот за производство на кокаин пораснал за 31 отсто во однос на 2016 година на 1.378 тони. Тоа е најголемо регистрирано производство досега, се наведува во извештајот што беше објавен во Богота, главниот град на Колумбија.

Најпогоден е југозападниот дел на Колумбија, кој граничи со Еквадор, на брегот на Пацификот.Банди на наркодилери кои се одвоиле од поранешните герилци на ФАРК се борат за контрола над оваа стратешка зона за извоз на кокаин за САД.

Колумбија е прва зема на ранг-листата за производство на кокаин, пред Перу (43 900 хектари) и Боливија (24 500 хектари), се наведува во извештајот на ОН.

Спонзорирано: