18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема промена на времето од вторник: Драматичен пад на температурите и силно невреме

До понеделник ќе продолжи периодот на стабилно, суво и топло време за овој период од годината, соопшти УХМР. Од вторник поради продор на студена воздушна маса, ќе има зголемување на облачноста проследена со врнежи од дожд и повремено засилен северен ветер. Дневните температури значително ќе опаднат, во поголем дел од земјава повеќе од 10 степени.

Утре ќе биде релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 5 до 14, а дневната од 26 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степен.

Спонзорирано: