20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автомобил удри во група луѓе во Колумбија, најмалку осум жртви

Најмалку осум лица загинаа, додека десет беа повредени кога автомобил удри во група луѓе во градот Гадвас во Колумбија, објавија локалните медиуми.

Колумбискиот весник „Ел Тимпо” доцна вечерта објави дека локалното население се собрало на местото каде што се превртеле два камиони, кои носеле сладолед и јогурт.

Автомобилот, наводно, удрил во група луѓе кои земале стока што по несреќата испаднала од камионот.

Според првите податоци, добиени од властите, откажале сопирачките на возилото, а возачот не успеал да го запре автомобилот пред да ги погоди луѓето.

Локалните медиуми објавија дека четворица загинале на самото место, а четворица починале во локалната болница.

Спонзорирано: