11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Ахмети: Да се гласа за стабилност и економски развој е голема и човечка работа

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во текот на вчерашниот ден за да ги информира граѓаните во врска со важноста на процесот на гласањето за европска Македонија на 30 септември, одржа средба со граѓаните во Општина Студеничани.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека на 30 септември се гласа за подобра Македонија, се гласа за Македонија во мир и стабилност, се гласа за Македонија со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи.

„Сите се победници, нема губитници во овој договор, и Албанците, Македонците, Грците, Бугарите, сите сме победиле затоа што го зајакнуваме мирот, ја зајакнуваме стабилноста, ја зајакнуваме иднината зачленувајќи се во НАТО и Европската Унија. На 30 септември борбата треба да се победи, а ова борба треба да се победи заедно, Албанци, Македонци, Бошњаци, Турци, Власи, Египјани, затоа што се добива иднина за новите генерации. Да се гласа за мир, за стабилност, за економски развој е голема и човечка работа. Ова е историски договор којшто како камен ни тежеше на врат веќе 25 години и на 30 септември овој камен го тргаме од нашиот врат за да може земјата да чекори кон евро-атланските процеси“, истакна Ахмети.

Во текот на денешниот ден ДУИ следните активности во рамките на кампањата за референдумот ќе ги продолжи во општина Желино и во село Форино.

Спонзорирано: