4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Жителите на тропската држава Малдиви избираат претседател

Повеќе од 500 000 луѓе ќе гласаат в недела за следниот лидер на тропската земја Малдиви. Изборите се критикувани поради нетранспарентноста и угнетувањето на владините критичари.

Актуелните претседател, Абдула Јамеен, се кандидираше за втор 5-годишен мандат како претседател на овој архипелаг во Индискиот Океан, кој е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, но и главна држава во борбата за влијание помеѓу Индија и Кина.

Владата затворила многу од нејзините главни опозиционери со кратки судења каде тие се обвинуваат за тероризам и корупција. Таа, исто така, вовела нов систем на пребројување гласови, што нема да им дозволи на набљудувачите контакт со индивидуалните гласачки ливчиња, што покренува сомнежи околу легитимитетот на гласањето.