18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Заев: Македонија мора да носи одлуки, во кал сме поради калкуланството од изминатите години

Знам дека Кратово, како и цела Македонија, ќе донесе вистинска историска одлука за европска Македонија. Ова е неповторлива шанса и еден од оние моменти кога во прашање е што ние може да направиме за државата, порача премиерот Зоран Заев на трибината во Кратовo.

„Преку вас да допреме до сите, ова е моја, ваша и нивна Македонија, нема веќе причини, изговори, план Б или Ц. На Македонија ѝ треба економски раст, мора да направи квантен скок за да се крене стандардот. Македонија мора да носи одлуки. Поради калкуланството изминатите години, земјата остана во калта, додека светот стана глобално село, ние во кавги со соседите, никако да донесеме одлука. Оваа одлука што ја донесов не е затоа што Владата и парламентот застанаа зад мене, туку затоа што знам кој стои зад мене, дека зад мене стои мојот народ, кој сака живот овде во Македонија“, додаде Заев.

Тој пред присутните ги објасни придобивките од договорот од Преспа, кои, како што рече, вклучуваат осигурена држава, македонски идентитет и македонски јазик.

„Од Кратово, утре одам во Вашингтон на состанок со потпретседателот на САД, Пенс. Ваквото пријателство мора да го почитуваме, не смееме да го изневериме заради нас и нашата држава. Мора на 30 септември сите да излеземе“, рече премиерот во свoето обраќање.

По гласањето на референдумот, вратете се дома, гушнете си ги децата и знајте дека сте донеле државотворна историска одлука и за вашата земја и за вашите деца, повика претседателот на СДСМ и премиер на трибината во Кратово.

Спонзорирано: