18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Со договорот од Преспа нема губитници, туку само победници, рече Ахмети на средба со европските пратеници

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес во Скопје се сретна со пратеници во Европскиот парламент, при што им се заблагодари на гостите кои, како што рече, доаѓаат со подддршка во овие важни моменти за нашата земја.

На средбата Ахмети истакнал дека со договорот од Преспа нема губитници, туку само победници затоа што победуваат граѓаните, победува Македонија, Грција, регионот и Европа.

Европратениците едногласно изразиле поддршка за евро-атланските аспирации на Македонија и ги охрабриле домашните сили да го продолжат патот кон Брисел.

Ахмети истакнал дека историјата во неколку случаи се повторува и Првата светска војна, различно од Втората, уште не е завршена бидејќи денешните последици во Југоисточна Европа доаѓаат како резултат на одлуките на Версајската конференција, но и од порано, од Берлинската конференција.

„Затоа, во овие клучни моменти, кога се наоѓаме на крстопат, треба да се ориентираме на вистинската насока, на запад“, рекол лидерот на ДУИ.

На средбата со Ахмети денеска учествуваа Алојз Петерле, Билјана Борзан, Мишел Крамер, Џон Ховарт, Туне Келам, Ивана Малетиќ, Димитрос Пападимулис, Маријана Петир, Мариа Спираки, како и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.

Спонзорирано: