20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Нова трагедија во Македонија: Во страшна несреќа загина едно лице

Триесет и двегодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот од село Кадино кон село Марино, Скопско.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчеравечер во 19 и 30 часот меѓу автомобил „алфа ромео“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Ѓ.(37) од село Петровец, и мотоцикл „сузуки“, управуван од Т.В.(32) од село Кадино.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.В., кој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде во 22 часот починал. Возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Н.Б.(44) со телесни повреди.

Полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.

Спонзорирано: