4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Не запираат успешните и срдечните средби на премиерот Зоран Заев со највисоки светски функционери: Премиерот Заев утре ќе се сретне со потпресетедателот на Америка, вториот најмоќен човек во светот!

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев патува за Вашингтон каде на 20 септември ќе има билатерална средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Средбата ќе се реализира на покана на потпретседателот Пенс, а на неа ќе се разговара за напредокот на Република Македонија кон членството во НАТО.

Инаку како што уште на 28-ми август објави Centar.mk, во Македонија се очекува да пристигнат голем број на лидери, премиери и претседатели кои ќе дадат поддршка за референдумот кој ќе се оддржи на 30 септември.