9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Еден работник загина, 11 се повредени на градилиште на хотелот „Риц“ во Мадрид

На градилиштето на луксузниот хотел „Риц“ во центарот на Мадрид вчера загина работник откако се урнало скелето на кое работел, а најмалку единаесет други се повредени.

Според Службата за итна помош, железното скеле на шестиот кат на хотелот „Риц“ паднало околу 16 часот, притоа уривајќи ја конструкција и работниците кои биле на неа пет ката подолу, објави АП.

Повеќето работници се спасиле и добиле лекарска помош, а двајца хоспитализирани се во лоша состојба.

Пожарникарите извадиле три лица со мали повреди од урнатините, и се обиделе да го извадат телото на загинатиот работник.

Локалната полиција ги испитува причините за несреќата, која службите за итни случаи ја опишаа на „Твитер“ како „несреќа на работа”.

Овој хотел беше затворен поради реновирање во март.