4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во шеснаесетгодишно девојче во Автокоманда

Шеснаесетгодишно девојче се здобило со тешки повреди откако во него удрило автомобил во скопската населба Автокоманда.

Според информациите на МВР, вчера околу 12 часот во полиција било пријавено дека на булевар Александар Македонски автомобил „фиат браво“ со прилепски регистерски ознаки, управувано од И.К.(62) од Прилеп, удрило во 16-годишно девојче од село Миравци, Гевгелиско.

Девојчето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот и се утврдуваат причините за несреќата.