12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација/pixabay
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Македонија

Тетовската полиција го расчисти разбојништвото кое вчера (18 септември) во утринските часови беше извршено во менувачница, односно агенција за трансфер на пари лоцирана на тетовската улица Илинденска.

Како што информираат од МВР, усапсени се четири лица на возраст од 32 до 57 години поради сомнение дека се сторители на кривичното дело. Двајца од уапсените се од Италија, а другите двајца од Тетово.

Италијанскиот државјанин М.М. и тетовците Е.В. и Х.Л. се осомничени дека извршиле кривично дело „разбојништво“, а втората осомничена од Италија дека извршила кривично дело „прикривање“.

Според извештајот од МВР, првоосомничениот М.М. влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол од метален сеф и фиока противправно одзел парични средства во вкупен износ од околу 20 000 евра, по што со такси-возило управувано од Х.Л. веднаш се оддалечил заедно со другите осомничени, кои го чекале во непосредна близина.

Набрзо, четворицата разбојници се упатиле кон угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово-Волковија, каде ги поделиле одземените парични средства, по што во друг угостителски објект, каде престојувале, биле уапсени од тетовската полиција.

Во текот на денешниот ден четворицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Спонзорирано: