21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев, да одлучи по барањето на адвокатот на Јохан Тарчуловски, Антонио Апостолски, да биде изземена од постапување.

Причина за ваквото барање е наводна роднинска врска на судијката со некои од оштетените во предметот. Претходно, адвокатот Апостолски ѝ рече на судијката дека предметот го суди тенденциозно, по што судијката одговори дека пред да каже зошто бара да биде изземена, ќе го казни оти зборува без дозвола.

Судијката се насмеа и рече: „Баш да видам кој ми е роднина“.

Спонзорирано: