10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Заев објави супер вест: Оваа група на граѓани ќе добива три пати повеќе кеш од 2019-та година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска го презентираше пакетот на реформи во системот на социјална и детска заштита.

Истакнувајќи дека најблагодарен чин е некому безрезервно да помагаш, премиерот Заев на денешната прес-конференција посочи дека Владата е посветена на остварување на врвните приоритети, да обезбеди достоинствени услови за живот за граѓаните.

„Пред сè, ја реформираме и ја надградуваме социјалната парична помош и воведуваме минимален гарантиран приход. Целта е да го усогласиме паричниот надоместок што го дава државата, со потребите на граѓаните и да им помогнеме побрзо и полесно да излезат од сиромаштијата.
Граѓаните во Република Македонија коишто живеат во социјален ризик ќе добиваат износ што сметаме дека ќе биде доволен за да ги задоволат основните потреби. Сега, со постоечкото право на социјална парична помош ова не секогаш беше случај.

Од почетокот на следната година, четиричлено домаќинство во социјален ризик со едно работно неспособно лице ќе има можност да добива месечен надоместок од 11 700 денари.

За повеќе од 70% од корисниците на социјалната помош зголемувањето е повеќе од 300% или трипати повеќе од тоа што досега го добивале.

Воспоставуваме систем на социјална заштита што ќе обезбеди достоинствен живот за семејствата кои живеат во сиромаштија, но и ќе значи поддршка за нивно извлекување од сиромаштијата. На пример го олеснуваме пристапот до детскиот додаток, но и ја зголемуваме сумата што по овој основ ќе ја добива едно семејство.

Со реформата на системот за социјална и детска заштита воведуваме и нови додатоци за поддршка на деца од семејства кои се во системот на социјална заштита и деца на домаќинства со ниски примања.

На овие наши сограѓани паралелно ќе им обезбедиме и поддршка за комплетирање на нивното образование и стекнување вештини, за бидат конкурентни на пазарот на трудот. Што значи државата се фокусира комплетно, брзо да им најде работа и да ги подготви за лесно наоѓање работа.

Воведуваме европски стандарди на социјална заштита. Европа, почитувани значи солидарност и социјална правда. Колку повеќе се доближуваме до Европската Унија, поддршката за социјална заштита постојано расте.

Спонзорирано: