9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење на Илинденска: Со лисици на раце заврши Ш.Р.

Синоќа во околу 01:40 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, го лишиле од слобода 42-годишниот Ш.Р. од Мала Речица.

При преглед на Ш.Р, кој бил со патничко моторно возило „Фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во џеб пронајдени му се две пакувања со кокаин, кои се одземени за вештачење. Лицето е задржано во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка. По целосното расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.