15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Тајфунот од Филипините се пресели во Кина – евакуирани над два милиони луѓе

Над два милиона луѓе се евакуирани во кинеската јужна провинција Гуангдонг пред пристигнувањето на тајфунот Мангхут.

https://www.youtube.com/watch?v=Ney6WfZcsRM

Претходно овој тајфун со ветрови со брзина од над 200 километри на час ги погоди Филипините при што најмалку 64 луѓе загинале, додека 40 се водат како исчезнати.

Тајфунот Мангхут е една од најмоќните бури што го погоди регионот во последниве децении.

Според државните медиуми, две лица загинале во кинеската провинција Гуангдонг, од каде се евакуирани повеќе од 2,5 милиони луѓе. Тајфунот се движи во внатрешноста, и се очекува попладне да ги погоди кинеските региони на Гуичжоу, Чонгкинг и Јунан.

Според локалните извештаи, на Филипините 40-тина рудари загинале, а најмалку 29 се водат за исчезнати поради лизгање на земјиштето во областа Итогон во провинцијата Бенгет.Продолжуваат спасувачките мисии, но се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми и над 100.

Транспортните услуги се во прекин, парализиран е авионскиот и железничкиот сообраќај и главните патишта се затворени. Според информациите, бројот на повредени во Хонг Конг е повеќе од 200. Ветровите достигнале брзина од речиси 180 км/час, а нивото на водата на некои места пораснало за речиси 3,5 метри.

Спонзорирано: