21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКА

Илон Mаск најави направа која човечкиот мозок може да го поврзе со компјутер

Илон Маск во последно време ги полни страниците на печатот и тоа претежно со негативни вести – од неговите планови да ја повлече „Тесла“ која забележа рекордни загуби на берзата, неговиот исказ дека британскиот спасувач во Тајланд бил педофил, па се до неговото пушење на марихуана во емисија, поради што, по којзнае кој пат паднаа акциите на неговата компанија, а двајца менаџери дадоа отказ.

Но, во истата емисија, кај популарниот домаќин и комичар Џо Роган, Маск даде една многу интересна најава, која сепак предизвика помал интерес отколку неговото пушење на џоинт. Станува збор за неговиот проект „Неуралинк“ кој ќе може да го поврзе нашиот мозок со компјутер.

„Мислам дека ќе има нешто интересно за објава за неколку месеци… Нешто подобро од што било кој верува дека е можно. Во најдобар случај, практично ќе се поврземе со вештачката интелигенција“, му рече Маск на Роган и тоа пред да ја испуши марихуаната. Со други зборови, тој најави симбиоза со вештачката интелигенција, односно дека луѓето ќе станат киборзи.

Сепак, според Маск, ова не е толку голем скок како што првично изгледа, бидејќи луѓето практично се веќе поврзани со своите паметни телефони. Тој вели дека новата направа само ќе го забрза протокот на информации.

„Ова ќе овозможи секој што ќе посака да има надчовечко знаење. Размислите, колку сте попаметни со мобилен телефон или компјутер отколку без него? Јас би рекол дека овие уреди не прават далеку попаметни. Со нивно посредство, може да одговориме на кое било прашање речиси веднаш“, рече директорот на „Тесла“.

Спонзорирано: