9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров ќе учествува на панел-дискусија „Дебатираме за НАТО“

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествува на панел-дискусијата „Дебатираме за НАТО“, во организација на Инфо-центарот за евро-атлантски интеграции, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија.

На настанот во својство на панелисти, покрај министерот Димитров, ќе учествуваат и: поранешниот министер за надворешни работи на Република Бугарија, Соломон Паси; амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Ваутер Пломп; претседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, Исмет Рамадани; Никола Тодоров, адвокат и поранешен вицепремиер и министер за здравство; како и претставникот од НАТО Инфо Центарот во Црна Гора, Драган Копривница.

Целта на настанот е преку интерактивен пристап да се поттикне аргументирана дебата за предностите на членството на земјата во НАТО. На настанот е предвидено да учествуваат меѓународни и домашни експерти.

Спонзорирано: