13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Ахмети: 30. септември нема да се повтори два пати

Демократската унија за интеграција во рамките на активностите на кампањата за референдумот одржа собир со граѓаните во Кичево, каде лидерот на партијата Али Ахмети го претстави ставот за влез во НАТО.

Ахмети рече дека на 30. септември се гласа иднината и дека на тој ден се обележува поновата модерна историја на ова држава.

„На 30. септември се одлучува за тоа дали ќе се построиме до западните демократски земји или еднаш засекогаш ќе ги разочараме сите наши пријатели и ќе нема да ги испочитуваме сите тие наши платформи, програми и определби кои сме ги имале и да се построиме каде не ни е местото, до источниот блок. Ако сакаме држава, дојдете на 30. септември да гласаме за државата. Нашата поговорка вели дека дадената можност треба да се искористи, два пати не ни доаѓа 30. септември, не се повторува. Сите треба да се освестиме и да бидеме одговорни, тој што е патриот на 30. септември гласа за стабилноста и безбедноста на земјата, значи, патриотизам е да се гласа за иднината на новите генерации“, рече Ахмети.

Пред граѓаните се обратија и вицепремиерот, Хазби Лика, градоначалникот на Кичево, Фатмир Деари и министерот за економија, Крешник Бектеши. Утре ДУИ ќе одржи собири во Општина Брвеница и Општина Боговиње.

Спонзорирано: