5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Цврст, но праведен однос кон Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека нема намера да отстапи пред Русија, туку дека западниот сојуз ќе остане на цврста позиција, но сепак на праведна линија кон Москва, додека продолжува да прима поранешни советски држави.

„За нас не е контрадикторно да се биде цврст во пристапот кон Русија, како што и сме, истовремено барајќи дијалог“, нагласил Столтенберг пред публиката во Фондацијата „Херитиџ“, пренесе „Глас на Америка“.

Тој потенцира дека НАТО не сака конфронтации и поголем дел од вината за лошите односи ѝ ги препиша на Москва и нејзината подготвеност да употреби воена сила против соседот.

„Ја гледаме Русија како ја обновува старата моќ, која вложува во различни капацитети и во разузнавачките служби“ рекол генералниот секретар на Алијансата.

Тоа е причина, навел Столтенберг, зошто НАТО сојузниците почнаа да вложуваат повеќе во одбраната, за прв пат по Студената војна.

Напнатоста меѓу Западот и Русија постојано растела од кога руската војска пред повеќе од десет години влезе во Грузија, а врвот беше достигнат со припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година.

Спонзорирано: