21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис утре во Македонија

Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис утре во официјална посета на Република Македонија. Тој се очекува да се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

За американската делегација предводена од Матис, ќе биде организиран свечен пречек на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата.

Матис претходно изјави дека ќе дојде во Македонија за да даде јасна поддршка за референдумот, но и загриженост поради можно мешање на Москва во процесот.

Прв пат во изминатите 14 години, во Македонија доаѓа американски секретар за одбрана.

Спонзорирано: