13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Најмалку 14 загинати во тајфунот на Филипини, се стравува дека бројот ќе расте

Тајфунот Мангкут, кој ги погоди Филипини досега однесе најмалку 14 животи, додека властите стравуваат дека бројот би можел да расте уште повеќе.

https://www.youtube.com/watch?v=e8koQguS-R0
Како што пренесуваат светските медиуми, поголем број загинати, животот го загубиле во свлечиштата предизвикани од невремето, во северните делови на Филипини.

Тајфунот помина низ главниот остров на Филипини, Лузон и продолжи да се движи западно кон Кина. Речиси сите згради во градот Тугуегарао се уништени, а во прекин се и комуникациските врски, соопштија властите.

Ветровите се движат со брзина од 185 километри на час. На патот на тајфунот се четири милиони луѓе, а илјадници беа евакуирани. Светската метеоролошка организација соопшти дека невремето е едно од најголемите тропски циклини во светот во последните неколку години.

Меѓу загинатите луѓе, се двајца спасувачи кои се обидувале да извлечат луѓе кои биле заробени во одрони на земјиштето.

Светските медиуи пренесуваат дека Мангкнут е посилен од ураганот Флоренс кој викендов го погоди источниот брег на САД.

Тајфунот ги освежи сеќавањата од смртоносното невреме во 2013 година, супер тајфунот Хајан, кое усмрти повеќе од 7.000 луѓе.

Спонзорирано: