10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Туршија од 10 кг пиперки: Покрај оваа, не ви треба ниту една друга салата за зимница

Домашната зимница секогаш е главна ѕвезда на секоја трпеза.

Состојки: 10 кг црвени пиперки, 600 гр крупна сол + за саламура, 3 л оцет, 250 мл масло, 15 гр листови ловор, 15 гр пимент, 15 гр бибер, 2 лажици мед, 4 корења рен

Начин на подготовка:

Пиперките измијте ги и отсечете ги дршките. Ставете маринада од вода и оцет во однос 1:3 да зоврие. Додајте зачини, сол, масло и мед.

Пиперките ставете ги во врела маринада, оставете ги 1-2 минути да стојат во неа, додека не ја променат бојата во портокалова. Оставете ги да се изладат.

Наредете во тегли, во секоја додајте по парче рен, па прелијте со студена саламура (сол растворена во вода, на 5 литри вода оди 300 гр сол).

Спонзорирано: