10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Скопје: Застанале до полициско возило и им впериле пиштол на полицајците, а потоа следувал жесток одговор

На крстосницата од булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварот „Гоце Делчев“, вчера во 11:05 часот додека полициско возило на службена задача стоело на семафор, и со кое било транспортирано лицето Џ.Џ. (осомничен за кривично дело „убиство“) од Основниот Суд Скопје 1 кон Затвор-Скопје, до него застанало возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистерски таблици со затемнети стакла.

Лицето го отворило предниот прозорец од возилото и вперило пиштол кон полициското возило. Полициските службеници излегле од возило и ги лишиле од слобода М.Т.(25) и Д.Н. (22) и двајцата од Скопје и по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спонзорирано: