14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата Франциск: Не можете да верувате во Бога и да бидете мафијаш

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, при посетата на Палермо порачал дека мафијашите не живеат како христијани.

„Не можете да верувате во Бога и да бидете мафијаш. Оние кои се мафијаши не живеат како христијани“, рекол папата на миса одржана на отворено во Палермо.

Папата Франциск мисата целосно ја посветил на свештеникот на сиромашните Џузепе Пуљизи.

Пуљизи ги охрабрувал младите, особено оние без работа кои мафијата најлесно ги мобилизирала, да му свртат грб на криминалот, пренесе РСЕ.

Убиен е со куршум во чело на 15 септември 1993 година. Имал 56 години.

Спонзорирано: