20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мигрант два пати во пет месеци добил на грепки и станал милионер

Млад Африканец кој пред две години се доселил во Канада неодамна станал мултимилионер откако два пати во пет месеци на грепки освоил дури 3,5 милиони евра.

„Би сакал да го подобрам англискиот и да научам некој корисен занает, како столарски“, рекол Мелхиг Мелхиг (28) на прашање што ќе прави со толку пари.

Со потекло од една западноафриканска земја, младиот човек пред две години се доселил во Винипиг.

Во април купил грепка и освоил 1,5 милион долари, а минатиот месец среќата повторно му се насмевнала: овој пат „изгребал“ и повеќе – два милиони долари.

Со парите од првата добивка купил куќа во која се вселил со сопругата и децата, а парите од втортата добивка ќе ги вложи во иднината и образование.

Спонзорирано: