21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Масовни евакуации во Северна и Јужна Каролина, ураганот Флоренс е закана за 10 милиони луѓе

Ураганот Флоренс стигна до брегот на Јужна и Северна Каролина, носејќи силни ветришта и обилни дождови. Флоренс е закана за 10 милиони луѓе, додека милион веќе се евакуирани од крајбрежниот појас на Северна и Јужна Каролина и сојузната држава Вирџинија, што предизвика километарски гужви и застои на патиштата кон запад. Најмалку 12.000 лица побарале сместување во 126 засолништа.

Вонредна состојба е прогласена во државите Џорџија, Јужна и Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд и Вашингтон. И покрај повиците дел од населението одби да се евакуира.

Силниот ураган предизвика поплави на улиците, кои се речиси еден метар под вода, а предизвика и прекин на електричната енергија. Областа е зафатена и со силни ветрови со брзина од 155 километри на час. Иако јачината на ураганот Флоренс, од 4 категорија, се спушти на 1, тој сепак претставува сериозна опасност за населението.

Во американската сојузна држава Северна Каролина најтешко погоден е крајбрежниот град Њу Берн, каде има извештаи за граѓани отсечени во поплавени населби.Околу 12.000 објекти, главно на брегот на Северна Каролина се без електрична енергија.

Гувернерот на Северна Каролина Рој Купер, кој нареди евакуација на илјадници жители од најизложените крајбрежни подрачја.

Флоренс предизвикува ветрови со брзина од 175 километри на час и поројни дождови, при што проценките се дека на места ќе паднат до 75 сантиметри дожд. Илјадници домови се оставени без струја, а граѓаните се подготвуваа за бурата што доаѓа со набавување резерви на храна и вода за пиење.

Компанијата Дјук енерџи, најголемата мрежа за електродистрибуција во Северна и Јужна Каролина, предвидува дека поради ураганот Флоренс од прекин на електричната енергија ќе бидат погодени меѓу милион и три милиони потрошувачи.Ангажирани се над 20.000 работници кои ќе работат на воспоставување на снабдувањето со струја.

Најмалку 88 илјади лица останаа без струја во Северна Каролина, каде ураганот се уште не ни удрил со сета своја сила. Се очекува дека без струја ќе останат милиони луѓе, а обновата на мрежата ќе трае со недели.

Спонзорирано: