10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Лукаревска: Да зборуваме за убави работи, не за казни за нерегистрација

По реакциите во јавноста за новиот начин на поднесување годишна даночна пријава, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, на прес-конференција пред новинарите изјави дека нивната намера не е да казнуваат, но и дека ниту еден граѓанин, вклучувајќи ги и пензионерите, нема да биде изземен од реформата. На новинарско прашање дали следуваат казни доколку некој не пријави да регистрира за да пријави данок, Лукаревска одговори потврдно, но не кажа колкава е висината на казната. „Да зборуваме за убави работи, не за казни“, рече таа.

Директорката на УЈП рече дека пензионерите не треба да стравуваат и дека мобилни шалтери на УЈП ќе одат и до најоддалечените места и ќе ги посетуваат граѓаните. Интенција на УЈП, додаде Лукаревска, не е да казнува, туку да го олесни процесот на пополнување на пријавите.

„Новиот модел на пријавување данок тоа го овозможува. Граѓанинот е ослободен од пополнување на ГДП, тоа ќе биде работа на УЈП. Ако досега УЈП ги контролира годишните даночни пријави, отсега граѓаните ќе ја контролираат УЈП. Граѓаните ќе бидат тие што ќе ја потврдат или поправат пријавата што ќе им ја испрати УЈП“, рече Лукаревска.

На новинарско прашање дали ќе има казни ако не се регистрира некој пензионер, таа одговори: „Не, конечна цел е да спроведеме успешна реформа што ја користат другите даночни администрации во поразвиени земји. Нашата цел е да стапиме во непосреден конткат со сите лица и никој да не биде изземен. Ќе почнеме со соодветна кампања до секое најодалечено место во нашата држава. Имаме и телефонски линии и веб-страница и веруваме дека ќе направиме крајот да заврши со една успешна реформа. Нашата интенција не е ако некој не се регистрира, веднаш да го казниме“, рече Лукаревска.

Лицата што немаат интернет или поради други околности не може да се регистрираат, ќе може да ополномоштат друго лице. Исто така, тие ќе може лично да отидат на шалтер во УЈП со лице што ќе го овластат во нивно име да ја прима пријавата.

„Доколку лицето нема интернет, предвидени се варијани каде што лицето може да овласти друго лице во негово име да ја потврди или коригира годишната даночна пријава“, рече Ивана Дончевска, раководител на секторот за регистрација и утврдување данок.

Таа додаде дека преку сите комуникациски канали УЈП ќе се обиде да дојде до сите обврзници.

Спонзорирано: