12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Могерини за ставот на ВМРО-ДПМНЕ: Важно е да се гласа, но нема да кажам како да се гласа

Одговарајки на новинарско прашање во врска со ставот на ВМРО-ДПМНЕ, шефицата на надворешната и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, индиректоно им испрати порака дека референдумот не смее да се бојкотира, односно дека е важно граѓаните да излезат и да гласаат, а не е битно како ќе гласат.

„Не е моја улога да навлегувам во внатрешната политика на вашата земја. Сепак, одговорност ми е да ги повикам сите да го искористат своето демократско право. Никому не сакам да кажувам дали да гласа ‘за’ или ‘против’, но морам да кажам дека демократијата е бесценета работа. Вие имате можност да дадете форма на вашата земја. Подоцна ќе биде многу тешко дека не сте направиле доволно. Јас се надевам дека вашите граѓани ќе излезат и ќе ја изразат својата волја. Нивна одлука е како. Премногу долги години вашата земја седеше надвор од ЕУ и имате многу фрустрации поради тоа. Сега имате можност да ги решите прашањата кои ви стојат на патот и тоа зависи од вас”, рече Могерини.

Шефицата на ЕУ за надворешна и безбедносна политика претходно им порача на граѓаните да не молчат пред нивната иднина и да не ја пропуштат можноста за влез во ЕУ.

Инаку, пред два дена по завршувањето на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, порача дека одлучиле секој граѓанин да постапи по свое убедување на референдумот.

„По консултации со граѓаните, за апстиненција или да се гласа против, но и оние помалку кои сметаат дека треба да се поддржи, одлучивме секој граѓанин да постапи по свое убедување за референдумот. Нема партиите да одлучуваат, за национално прашање, ќе одлучи нацијата и сите ние ќе се поклониме пред таа одлука“, изјави Мицкоски.

Спонзорирано: