5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

(Видео) Могерини за референдумот: Вие одлучувате за вашата иднина, не молчете

Со политичко лидерство и водство, храброст и одговорност можете да одите напред, порача Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и заменик-претседател на Европската комисија, според која, решавањето на отворените прашања и спроведување на европските вредности ја носи Македонија кон ЕУ.

Могерини подвлече дека Македонија има огромни резултати кои биле незамисливи пред една и пол година, па поради тоа, отворен е патот во следиот јуни да се отворат претпристапни преговори со ЕУ.

„Мојата порака до граѓаните на вашата земја, запамтете дека на 30 септември кога ќе гласате, вие сте клучот за ЕУ. Не молчете пред вашата иднина. Не можете да ја пропуштите оваа можност. Вие сте вашата иднина. Ова не се избори, ниту нешто поврзано со политика. Мора да бидете сигурни дека на 1 октомври сте направиле избор за вашата иднина, односно сте одлучиле за иднината на вашите деца”, рече Могерини.

Могерини повтори дека вратите на ЕУ се отворени за нашата држава. Таа порача дека само заедно можеме да постигнеме просперитет и безбедност во ЕУ. Могерини неколку пати повтори дека оваа можност не смее да се пропушти.

„Токму политичката храброст кулминираше со историски момент кој го поздрави цела Европа, а тоа е договорот со Грција. Јас бев горда да присуствувам на потпишувањето на договорот за името во Преспа. Вашата земја има голем напредок на патот кон ЕУ. Ова е големо постигнување за сите овде, за сите влади и опозицијата”, нагласи Могерини, која додаде дека одговорноста е кај сите – кај претседателот на државата, опозицијата и кај граѓаните.

Таа истакна дека е горда што е тука кога за првпат во Европскиот парламент имаше обраќање македонскиот премиер.

„Вашето обраќање доби стоечки овации, бидејќи ја опишувавте европската перспектива. Годост за мене е да бидам во Скопје. За вас и за мене е многу јасно, бидејќи го споделуваме истото место во Европската Унија. Ние со нетрпение чекаме да ве видиме во унијата со истата посветеност што ја покажавте до сега”, рече Могерини.

Спонзорирано: