9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Неочекуван потег на еден од највисоките функционери во ДПМНЕ: Мојот став e да се гласа „против“ на референдумот

Митко Јанчев, еден од потпретседателите на партијата и член на Извршниот, вечерва беше гостин во Топ Тема на Телма откако се спротивстави на вчерашната одлука на ВМРО-ДПМНЕ.

– „Јас лично имав став да се повика членството да гласа против договорот за името, но не и против членството во ЕУ и НАТО. Не сум дел од тивок бојкот, мислам дека членовите на ИК и претседателот на партијата немаат и не треба да имаат такви размислувања. ВМРО ДПМНЕ размислува како побрзо да се врати на власт“, вели тој.

– „15 години наназад, ВМРО ДПМНЕ се залагаше за референдум. Референдумот не се бојкотира, ниту тивко, ниту реално“. Членството на ВМРО ДПМНЕ не може да биде за овој договор, тој е работа на Заев, ние треба да сме против договорот, но што се однесува до ЕУ и НАТО, ние сме проевропски ориентирана пратија“.

Спонзорирано: