17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Народот секогаш носел мудри одлуки

Премиерот Зоран Заев од Крива Паланка порача дека народот секогаш носел мудри одлуки и на 30 септември ќе гласа за европска Македонија, колку и некој да не го кажува својот став.

„Заедно сме бидејќи бизнисот знае дека се отвораат европски пазари. И во малите дуќанчиња знаат дека ќе има повеќе промет, штом граѓаните имаат повеќе пари. И спортистите целат кон Европа. И синдикатите знаат дека ќе се унапредат работничките права и ќе има поголеми плати. Ако народот има пари, и економијата во државата ќе расте“, рече Заев.

Тој додаде дека претстојниот референдум и предреферендумската атмосфера покажуваат дека живееме во демократија што го отвори патот кон ЕУ и НАТО.

„Штом Македонија тоа го има обезбедено, ќе чекориме по вистинскиот пат, па колку некој и да не е одлучен и да не кажува ставови. А мора да кажува. Имаме народ што секогаш носел мудри одлуки“, рече премиерот Заев.

Тој ги повика граѓаните да се гордеат со постигнатото со договорот од Преспа што осигурува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО.

„Ќе ѝ покажеме на Европа и дека има граѓани и земји коишто имаат и успешни референдуми. Затоа што убеден сум дека на 30 септември ќе гласаме за европска Македонија“, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на трибината со граѓаните на Крива Паланка.

Спонзорирано: