17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Забрана за вештачки нокти и трепки во парламентот во Танзанија

На жените пратенички во Танзанија им е забранет влез во парламентот со вештачки нокти и трепки, објави Би-би-си.

Забраната е воведена од страна на претседателот на парламентот, Јоб Ндугаи, откако заменик-министерот за здравство изразил загриженост во врска со ризиците што вештачките нокти и трепки би можеле да ги имаат по здравјето.

Забраната ќе важи и за посетителите во парламентот.

Покрај тоа, на жените пратенички во Танзанија им е забрането да носат кратки здолништа и фармерки кога влегуваат во зградата на највисокото законодавно тело.

Спонзорирано: