23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Влада: Донесена новата национална стратегија за деинституционализација за 2018–2027, „Тимјаник“

На 88. владина седница Владата ја разгледа и усвои информацијата, како и акцискиот план за отворено владино партнерство 2018-2020 година. Во таа насока Владата го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација да формира работна група со сите чинители за имплементирање на националниот акциски план за отворено владино партнерство, најдоцна до 30 септември годинава, информираа од Владата.

Во соопштението се додава имајќи предвид дека за неколку месеци завршува националната стратегија за деинституционализација 2008–2018, министрите ја прифатиле и новата Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија за 2018–2027 симболично насловена „Тимјаник“.

„Новата Национална стратегија за деинституционализација го проширува фокусот и нуди сеопфатен преглед на социјалните услуги во тековниот контекст. Стратегијата ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и дејствата што треба да се преземат и подобрат при спроведувањето на преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби. Во моментов во институции се сместени вкупно 2 358 лица“, стои во владиното соопштение.

Како материјал за информирање, додаваат оттаму, министрите го разгледале и прифатиле извештајот за степенот на реализација на програмата на Владата од јануари до јуни 2018 година, а во овој период според годишната програма за работа на Владата биле предложени вкупно 322 иницијативи, од кои 99 закони, а останатите биле акти и материјали по кои одлучува Владата. Дополнително, додаваат во соопштението, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да предложи мерки за воспоставување електронско следење на програмата на Владата.

Спонзорирано: