18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалникот на Демир Хисар

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, му порача на градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, да поднесе оставка од морални причини и да престане да се заканува.

„Денес јавноста е сведок на продолжение на скандалот со градоначалникот на општина Демир Хисар, кој јавно, пред наставничките и пред децата, малолетни деца, ученици, среде училница во училиште се закануваше дека прислушува и ги следи граѓаните затоа што работел во МВР.
Овој лик, денес, наместо да се извини и да си поднесе оставка, се дрзнува уште да се заканува со тужби. Ова е таа матрица на СДСМ, прислушувај ги граѓаните, ако те откријат, заканувај се и сеј страв меѓу јавноста, медиумите, народот“, рече Арсовски.

Тој додаде дека скандалот отвора сомнежи дали граѓаните се прислушувани и потоа уценувани за политички цели.

„Овој скандал говори дека администрација се соочува со огромен притисок од власта и од СДСМ. Овој скандал отвора сомнеж дека постои партиска структура на СДСМ во МВР, која се користи и служи со старите удбашки методи од едноумитето. Тоа се сталинистички, а не европски вредности, со кои ги мами граѓаните. Затоа јавноста бара одговори, но и одговорност. Прво, градоначалникот Марјанче Стојановски да си поднесе веднаш оставка, второ, Обвинителството уште веднаш да отвори случај за овие скандалозни одговори и, трето, Заев и Оливер Спасовски да одговорат дали овие снимки со кои се заканува градоначалникот на Демир Хисар се нелегално прибавените снимки со кои располагаше Заев и кои наводно само тој ги слушал и кои наводно му ги предал сите на СЈО“, порача Арсовски.

Претходно, денеска, Стојановски рече дека станува збор за монтирано видео и дека тоа нема никаква врска со упатување закани кон граѓаните на Демир Хисар за претстојниот референдум.

Спонзорирано: