3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шекеринска: Не постои поголем патриотски чин од обезбедувањето иднина за граѓаните и државата како дел од ЕУ и НАТО

Поддршката што ја добиваме од светот денеска ни покажува дека лажна била тезата што ја слушавме минатите 10 години – дека светот е против нас.

Во Македонија дојде најмоќниот Европеец и најмоќната жена на светот да ни покажат дека Европа и Германија ги отвораат вратите за Македонија, истакна министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на трибина во Злетово.

Одлуката сега не е нивна, туку е наша, додаде Шекеринска и посочи дека за само една година успеавме да ја трансформираме Македонија од изолирана држава во држава со покана за НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Го решивме и спорот со Грција, и донесовме достоинствено решение.Сега е на граѓаните со својот глас на 30 септември да обезбедат европска иднина за Македонија, рече Шекеринска на трибината.

„Сите нè болеше душата кога моравме да седнеме и да преговараме. Но кога седнавме, знаевме дека ќе направиме сè да го гарантираме и зацврстиме македонскиот идентитет. И тоа стои во договорот. Сите кои лажат поинаку нека седнат и нека го покажат црно на бело. Ова е првиот договор со кој ние во ЕУ и НАТО ќе го обезбедиме македонскиот јазик, јазикот на Конески. Треба да чувствуваме патриотска подготвеност да обезбедиме македонскиот јазик да стане официјален јазик на Унијата од 500 милиони луѓе, да биде со ист статус како јазиците на земјите членки на ЕУ“, изјави министерката.

Шекеринска ги повика младите да се борат и да се изборат за себе, а возрасните со својот глас да им ги обезбедат истите шанси како што ги имаат нивните европски врсници, но во својата држава како членка на ЕУ и НАТО. Членството во ЕУ значи финансиска помош во милијарди, а членството во НАТО – безбедни граници, сигурност и инвестиции. Не постои поголем патриотски чин од обезбедувањето иднина за граѓаните и државата како дел од ЕУ и НАТО, рече министерката.