13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Путин: Односите меѓу Русија и Кина се засновани на доверба

Односите меѓу Москва и Пекинг се засновани на доверба во областите кои се движат од политиката па сè до безбедноста и одбраната, изјави рускиот претседател, Владимир Путин, за време на средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг во Владивосток.

Путин и Си се состанаа пред почетокот на економскиот форум кој се одржува токму во Владивосток.

Во однос на односите меѓу Русија и Јаопнија, двете земји не потпишаа мировен договор по Втората светска војна поради несогласувањата околу Пацифичките Острови познати во Русија како Курилски Острови, а во Јапонија како Северни Територии. Но, како што претходно беше објавено, јапонскиот премиер Шинзо Абе рече дека разговорите со Путин се движат кон мировен договор меѓу двете земји.

На економскиот форум во Владивосток учествува и јапонскиот перемиер. Абе вечра се сретна со Путин на маргините на форумот, но како што беше соопштено по средбата, тие двајца разговарале за нуклеарната програма на Северна Кореја, како и за низа други прашања.

По разговорите со Абе, Путин рече дека биле разменети ставови и за „важни меѓународни прашања” и дека Москва и Токио ќе „продолжат со цврсти контакти за да го поттикнат меѓуресорскиот дијалог”.

Спонзорирано: