12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Путин и Си правеа палачинки и наздравија со вотка за време на економскиот форум

Рускиот претседател, Владимир Путин, го однесе кинескиот колега Си Џинпинг на палачинки, што, како што пренесуваат руските медиуми, е приказ на добри лични односи меѓу двајцата водачи.

Путин и Си јадеа палачинки со кавијар и наздравија со вотка на маргините на економскиот форум во Владивосток.

Москва и Пекинг развија „стратешко партнерство” кое ги одразува нивните заеднички ставови кон „униполарниот” свет, термин што ја означува глобалната доминација на САД, пишуваат медиумите.

Приближувањето е олеснето од добрите лични односи на Путин и Си, кој се смета за најмоќен кинески лидер по времето на Мао Цетунг.

Двајцата лидери досега се состанаа речиси 30 пати, а Путин пред извесно време изјави дека кинескиот претседател е единствениот светски лидер што некогаш го повикал на негов роденден.

Спонзорирано: