13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вечерва хаос во Загреб – пред училиште со калашникови решавале стари сметки

Вечерва се испукани најмалку 30 куршуми во Загреб во инцидентот кој се случи поради кавга на две ромски семејства.

Според информациите на медиумите најмалку седум автомобили се уништени , кога членовите на семејствата решиле да се пресметаат во населбата Вукомирец.

За време на неконтролираната рафална стрелба , вистинска паника владеела во блиското училиште , каде во дворот децата и родителите спасувале жива глава.

За среќа никој во престрелката не е повреден , а полицијата уапсила седум лица , членови на раскараните семејства. Уште 11 лица биле приведени на распит во полициската станица .

Соседите , видно вознемирени и шокирани од настанот , велат дека им е доста од ваквите криминалци и дека полицијата треба да биде поактивна во нивната околина.

Спонзорирано: