9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ципрас: Груевски ја наполни земјата со споменици од Александар Велики

Експертски комисии од Македонија и Грција заеднички ќе ги разгледуваат отворените прашања поврзани со историјата, археологијата и образованието. Ова беше договорено при потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција. Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека во иднина, ниту еден премиер на Македонија нема да може да поставува споменици од Александар Велики како што тоа го правел експремиерот Никола Груевски.

„Груевски, кој ѝ припаѓа на националната екстремна десница, ја наполни својата земја со споменици од Александар Велики и тоа во секој град, на секој плоштад. Тој постави и многу други симболи на античка грчка Македонија. Во иднина никој нема да има право да го прави тоа. Ни сегашниот, но ни идните премиери, нема да имаат право да велат дека Александар Велики е дел од нивната историја“, вели Ципрас.

Според договорот, комисијата составена од експерти ќе треба да ги проверува и училишните учебници, материјалите, мапите и историските атласи што се користат во двете земји.