16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шолтес: Се надевам дека Белград и Приштина во следните месеци ќе постигнат договор

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Игор Шолтес, и натаму верува дека, во интерес на ЕУ, Србија и Косово, во следните неколку месеци можно е да се постигнат сеопфатен мировен договор.

„Се надевам дека ова ќе дојде брзо”, ијзави Шолтес за новинската агенција „Танјуг“.

Пред неколку дена во Брисел се одржа нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина. По состанокот кој се одржа меѓу српскиот претседател, Александар Вучиќ, и косовскиот претседател, Хашим Тачи, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека не е неуспех ако нема договор меѓу Белград и Приштина во 2019 година како што е наведено во нацрт-стратегијата за Западен Балкан.

Таа не сакаше да спомне конкретен датум за постигнување договор бидејќи тоа, како што истакнува, зависи од нивниот напредок.

Спонзорирано: