13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Се намалува старосната граница за пензионирање оваа група на работници

Владата на денешната седница усвои измени и дополнувања на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се намалува старосната граница за пензионирање на рударите. Измените набргу ќе бидат доставени на гласање во Собранието, а ќе почнат да се применуваат од почетокот на идната година.


„Во согласност со ветеното во програмата за работа, Министерството за труд и социјална политика преку Владата на Р. Македонија изготви законско решение со кое рударите ќе може да остварат право на старосна пензија со навршување 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение ќе се пензионира на 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите и исправаме една голема неправда“, изјави министерката Царовска.

Со прeдлог-измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување им се овозможува на осигурениците што работат на работни места на кои стажот на осигурување им се смета со зголемено траење, да им се намалува возраста за пензионирање пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.

Министертсвото за труд и социјална политика ќе продолжи со ветените активности во делот на бенефицираниот стаж за што веќе е подготвена анализа со поддршка на Светската банка, а ќе се прави и ревизија на сите работни места за кои стажот на осигурување се смета со зголемено тарење.

Спонзорирано: