13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ со реакција до Арсовски: Незаконското прислушување и селективната правда беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ

Незаконското прислушување на граѓаните и грубото кршење на нивните права беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време заврши, реагираа од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО- ДПМНЕ.

„Денес човековите права и слободи се почитувани и гарантирани, нема нелегално следење на комуникациите на граѓаните, а надлежните институции постапуваат независно и во служба на законите. По јавно допрен глас, надлежните иснтитуции експресно реагираа и случајот со градоначалникот на Демир Хисар веќе се истражува низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе даде одговори на сите прашања, вклучително и на прашањето за евентуална одговорност“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од партијата исто така додаваат и дека времето на неказнивост и селективна правда завршило со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денеска секој кој постапува незаконски, велат од СДСМ, одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност.

Спонзорирано: