17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Работната недела да има четири работни дена

Британските синдикати сакаат четиридневна работна недела, пишува „Индипендент“.

Според истражувањето спроведено меѓу работниците, таквата промена може да дојде со цел да ги мотивира вработените.

Секретарот на Британскиот конгрес на синдикатите, Франсес О’Гради, смета дека работната недела треба да се намали на четири дена бидејќи новите технологии може да завршат голем дел од работата.

„Вработените во целата земја заслужуваат подолг викенд и повисоки плати бидејќи многу компании користат технолошки уреди и ги третираат луѓето неправедно“, додава О’Гради.

Тој смета дека многу директори и акционери добиваат сè повеќе и повеќе придобивки од новите технологии и дека оваа предност може многу подобро да се искористи ако вниманието се насочи кон работниците.

Спонзорирано: