23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Посебен сообраќаен режим на дел од сообраќајниците во Скопје поради „ФИС ролер-скикуп Скопје“

По повод одржувањето на вториот меѓународен „ФИС ролер-скикуп Скопје“, МВР преку соопштение ја информира јавноста дека ќе се воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

„Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на потег од село Долно Нерези – улица Козле 1 до паркинг-просторот кај манастирот ‘Св. Пантелејмон’ во продолжение до паркинг-просторот на Средно Водно“, велат од МВР.

Во соопштението од полицијата се додава дека за таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.

Вториот меѓународен „ФИС ролер-скикуп Скопје“ ќе се одржи денеска и утре во период од 8:30 до 10:30 часот, а истиот е во организација на клуб за биатлон и нордиско скијање и скијачки скокови „Мунте“ – Скопје.

Спонзорирано: