17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Мицкоски го повика Заев на ТВ-дуел за Договорот со Грција за името

Ајде отворено да разговараме за Договорот со Грција, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, доцна вечерва за време на својата прес-конференција во партиското седиште го повика премиерот Зоран Заев на телевизиски дуел.

Како што истакна Мицкоски, тој бара ТВ-дуел не само за договорот со јужниот сосед, туку и за низа други теми за кои тој смета дека треба да се дебатираат пред референдумот.

Верувам дека Македонија ќе победи, рече Мицкоски повикувајќи го Заев на ТВ-дуелот. Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека Договорот со Грција, како партија нема да го подржат и дека остануваат на својот став, дека се работи за договорот со кој се менува македонскиот идентитет, културата, документите, Уставот.

Спонзорирано: