13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Готово е: Се укинува зимското сметање на времето

Европската комисија денеска објави предлог за укинување на полугодишното поместување на стрелките на часовникот во ЕУ во 2019 година давајќи им слобода на земјите членки да одлучат сами дали сакаат да го задржат летното или зимското сметање на времето.

„Ние мора да престанеме со поместување на стрелките на часовникот“, рече Јункер додавајќи дека земјите членки ќе изберат дали ќе преминат на т.н. летно време цела година или ќе се вратат на она какво што беше пред воведувањето на летното сметање на времето (т.н. зимско време).

Вкупно 4,6 милиони луѓе учествуваа во истражувањето на Европската комисија спроведено од јули до август и повеќето од нив гласаа против поместувањето на стрелките на часовникот.

Спонзорирано: